Tјунинг

Autotech Tuning – ECO Tuning

Во денешните услови за работа на современите фирми, цените на горивото значително влијаат на вкупните трошоци при работата. Без обзир дали се работи за голема компанија или мала фирма и без обзир колкав возен парк поседуваат, секој па и најмалиот процент на заштеда во горивото придонесуваат за по успешно стопанисување. Автотек Електроник со цел да ја зголемите ефикасноста во работењето и намалите трошоците, може да Ви ги понуди услугите на ECO Tuning.

Тјунирање преку OBD

Тјунирање преку OBD

Со оптимизација на работата на моторот на Вашите возила, воедно ќе ја намалите потрошувачката на гориво, но и зголемите перформансите на Вашиот возен парк, без обзир дали се работи за патнички, леки доставни или тешки теретни возила. Со тоа ќе заштедите пари, но ќе го продолжите и работниот век на возилата кои своите најдобри перформанси ќе ги даваат на значително пониски вртежи на моторот, со што ќе се избегнат режимите на работа кога моторот троши највеќе енергенти.
Како функционира ECO Tuning? Со ремап на електронската единица на возилото, Автотек Електроник ја оптимизира работата на моторот и на најдобар можен начин ги користи скриените резерви кои ги остава секој производител. Со зголемување на вредностите на вртежниот момент и достапноста на истите многу порано, со дозираното зголемување на моќноста се добива рецептот на успехот за Вашата заштеда.
Секако сега следи прашањето зошто фабриката не го сторила ова? Одговорот е повеќе или помалку едноставен! Масовното производство и глобалниот пазар изискуваат од производителот да ги прилагоди условите на експлоатација и за просторот во Јужна Америка и за Сибир. Втора причина е што производителот со тоа што не го искористува полниот потенцијал на моторот сам на себе си остава можност да во иднина само софтверски ја освежи гамата на мотори, претставувајќи ја како и нова и редизајнирана. Вакви примери има безброј.
Зборувајќи за процентите на заштеда, истите во просек се движат околу 15%, во зависност од тоа каде возилото примарно се движи, дали се во прашање авто патишта или локална тргни-застани испорака. Друг клучен фактор е човекот, возачот, кој мора да знае и да сака да ја искористи дадената можност. Простата математика во секој случај ни говори да инвестирањето во ECO Tuning веќе се исплатува во интервалот од 15000 – 20000 км. Во превод, веќе во втората половина од годината едно Ваше просечно службено возило започнува да штеди.
Наместо парите да ги давате на гориво, можете да ги искористите во развој на Вашиот сопствен бизнис кој утре ќе Ви донесе додатна заработка.


Footer With Address And Phones